|
Не долго откако се појавија првите фотографии од уловената нова генерација на серијата 3 на BMW се открива и внатрешноста на фотографии со лош квалитет кои сепак прикажуваат доволно.

Фотографиите ги објавува изданието jokeforblog каде стои и дека автомобилот официјално ќе биде претставен на затворена премиера во Минхен пред одбрана публика и премиерата ќе се случи во петок 14 октомври.
Колку има место за верување, останува да почекаме до петок и да видиме. Судејќи според фотографиите внатрешноста во пределот на арматурата кај новата Серија 3 прилично се разликува од актуелниот модел.
Различна е централната конзола, која го задржала минимализмот, има нови отвори за проветрување, а на врвот стои централен дисплеј кој се преклопува и влегува во арматурата.
Измени има и кај централниот гребен од кого во уловениот автомобил штрчи рачката од автоматскиот менувач со осум степени на пренос познат од останатите нови модели на BMW.

Прв на сцена ќе настапи седанот од Серија 3, а потоа следат комби верзијата, купето и на крај кабриолетот. Не е исклучено да се појави и варијанта на комбилимузина со пет врати со името Grand Turismo.
Под хауба на новата серија три би работеле дури единаесет различни мотори од кои пет се бензински и шест дизел. Основата е 1.6 литарскиот турбо бензинец со 150 КС познат од Mini, Peugeot и Citroen во моделот 318i.
Потоа следи новиот турбо бензинец со зафатнина од 2.0 литри во три изведби со 180 КС во 320i, 210 КС во 325i и 245 КС во 328i. Врвот меѓу бензинците ќе биде 3.0 литарскиот шест цилиндарец со турбо натполнење и 306 КС во 335i.
Кај дизелите ќе има три 2.0 литарски изведби со 122 КС во 316d, со 143 КС во 318d, со 184 КС во 320d и три 3.0 литарски верзии со 204 КС во 325d, со 245 КС во 330d и со 286 КС во 335d.

Сите мотори ќе се комбинираат со шест степен мануелен менувач, или пак, со наведениот автоматски менувач на ZF со осум степени на пренос. Погонот ќе биде назад, или на сите четири тркала.
Светската премиера пред публика треба да се случи во јануари следната година на салонот на автомобили во Детриот.
|