Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Pagani Zonda нова генерација
15.05.2008
pagani-zonda-1.jpgНаследникот на Pagani Zonda се наоѓа во фаза на тестирање и како што можеше да се претпостави станува збор за еволутивен напредок во однос на претходникот.

Нормално е ова да се случи, бидејќи пакетот што го понуди Pagani во себе содржеше совршени гени, поради што, според развојниот тим, беше потребно само продолжување на низата Zonda.

Секако видлив е новиот дизајн на каросеријата кој нуди значително подобри аеродинамички каракетристики, но подобрувањата се одразуваат и на стабилноста при високи брзини, подобро ладење на моторот, менувачот и сопирачките. И секако не смее да се занемари одличниот визуелен настап.

Кабината заедно со структурата на шасијата остануваат несменети па дури и ентериерот претрпува сосема мали модификации. Најголемата и најважната измена се сокрива под задната хауба.

Моторот што работеше во претходниот модел 7.3 литарскиот V12 на Mercedes со 547 коњски сили е веќе историја. Сега под задната хауба на која се забележуваат големите всисници за воздух ќе работи 5.4 литарскиот V8 дело на тјунерите од AMG, а истиот се вградува и во McLaren SLR и може да понуди максимална снага од 680 коњски сили.

Секако ова се однесува на верзијата што работи во McLaren SLR 722 GT. И кога сета оваа снага ќе се комбинира со лесната шасија од карбон-фибер сигурно ќе се добијат восхитувачки перформанси. Претпоставките велат дека за спринт до 100 km/h ќе бидат потребни помалку од 3 секунди, а максималната брзина лесно ќе ја минува магичната бројка од 350 km/h.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook