|
31.01.2012 |
|
Лутата верзија на наследникот на Peugeot 207 тестира на големо некаде на северот од Европа каде е уловен во објектив и се подготвува да заблеска најверојатно на есен на салонот во Париз.

И додека Peugeot веќе ги објави првите официјални фoтографии од новиот 208 најавувајќи го за салонот во Женева, неговата лута верзија која ќе ја носи наставката GTI во името сеуште тестира.
Дека станува збор за Peugeot 208 GTI откриваат само двете издувни цевки, но како што и доликува кога ќе се појави серискиот модел ќе носи и соодветен аеродинамичен кит како знак за распознавање.
Под хаубата на Peugeot 208 GTI ќе работи 1.6 литарскиот турбо бензинец кој ќе испорачува 156 КС доволни за спринт до 100 km/h за помалку од 7,0 секунди и максимална брзина од 215 km/h.
На тој начин Peugeot ќе испрати на пазарот вистински конкурент за Citroen DS3, Ford Fiesta ST и Volkswagen Polo GTI. Подоцна треба да се појави и помоќна верзија на 208 GTI во која 1.6 литарецот ќе испорачува 200 КС.
|