Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Peugeot 3008 е се поблизу
19.02.2008
peugeot-3008-nph-1.jpgДоколку ова е реaлната слика и доколку 3008 и во живо личи вака, тогаш дефинитивно ќе биде еден од највпечатливите во својата класа исправен пред Ford Kuga, Nissan Qashqai и VW Tiguan.

Јасно е дека 3008 влече дизајнерски елементи од совојот поголем и постар брат 4007. Има моќна предна маска која доминира заедно со беџот на Peugeot и предните светла и прави овој лав да освојува на прв поглед.

Се очекува 3008 во кабината да нуди простор за пет или за седум патници во зависност од изведбата, воедно нудејќи флексибилност и проодност на еден вистински 4х4. Третиот ред на седишта како што е обичај е можат да се склопат во подот на багажникот оставајќи така и доволно простор за секоја нова авантура на сопственикот и неговото семејството.

Во најдобрата традиција на Peugeot, 3008 треба да биде агилен и забавен за возење, но и стабилен. Се претпоставува дека ќе биде најавтомобилски возлив SUV во класата. На располагање ќе бидат верзии со погон на два или на четири тркала.

Под хаубата ќе работата познатите мотори на Peugeot кои е бидат своевиден микс од 1.6 литарски бензинци и дизели со и без турбо. 3008 треба да се појави на пазарот во 2010, веднаш по него и Citroen ќе стартува со својата верзија на 3008.

peugeot-3008-nph-2.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook