Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Peugeot 408 први шпијунски фотоси
20.01.2009
peugeot-408-1.jpgНа француската интерент страница на фановите на Peugeot се појавија шпијунсии фотографии и компјутерски генерирана слика ибнспирирана токму од нив.

Според големината и дизајнот на уловениот автомобил се претпоставува дека станува збор за нов седан наследник на Peugeot 407. Ако претпоставуваме следејќи ја традицијата на Peugeot во означување на своите модели најверојатно автомобилот ќе ја носи ознаката 408.

Од дискусиите на фановите на Peugeot се дознава дека сериската верзија на 408 треба да се појави кон крајот на 2010. Но, според францускиот магазин за автомобили AutoPlus премиерата на концептот, претходник на 408, ќе се случи уште годинава на салонот во Женева.

Заради лошиот квалитет на фотографиите неможе јасно да се види задниот дел на автомобилот иако контурите многу потсетуваат на актуелниот 407. Она што може да се забележи е дека предниот дел е комплетно изменет.

Решетката е многу поголема со што е добиен уште поагресивен лик. Нови се и предните светла и светлата за магла. Информациите што доаѓаат од француските интернет страници велат дека новиот 408 ќе биде значително подолг од 407. И то за цели 120 mm.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook