Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Peugeot готви сериозен напад
25.08.2009
peugeot-408-2010-1.jpgПолека но сигурно станува јасно дека Peugeot се подготвува да пласира силен и незгоден удар во средната класа со наследникот на 407, модел кој според следот на настаните ќе ја добие ознаката 408.

За да се добие битката на пазарот каде што во моментов владее една убава и иновативна Opel Insignia во Peugeot мораат да превземат радикални постапки за да го свртат интересот на купувачите кон својот двор.

Сега се потврдуваат компјутерски генерираните фотографии претставени претходно и направени со помош на човек од внатре кој веќе работи на креирање на сериската верзија на 408 со стил што личи како да навлегува во премиум сегментот и на нишан го држи дури и еден Audi A5 Sportback.

Радикално новиот стајлинг на 408 воедно кажува дека токму тој ќе биде носителот на имиџот врз кој ќе почиваат сите идни модели на Peugeot.

Што се однесува до внатрешноста која најверојатно ќе ја видиме последна пристигнува најава дека таа сериозно ќе навлегува во сегментот на луксузните седани како по користените материјали така и по завршната обработка.

Секако 408 ќе профитира и од најновите хибридни технологии на Peugeot кои што се на пат да заживеат во 3008 за неполни две години, но и во Citroen C6.

Peugeot 408 ќе биде поставен на платформата на која веќе вози Citroen C5, ќе ја наследи хидропневматската суспензија, широката плета на агрегати и финти како што е вртењето на предните светла во правецот на движење.

Сеуште нема ниту глас кога 408 би можел да се појави на пазарот. Но, ако се суди спорд приликите на пазарот најверојатно од Peugeot ќе одлучат да го претстават во текот на следната година.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook