На фотографиите е претставен новиот адут на Alfa Romeo во компактната или популарно наречена Golf класа. Станува збор за
наследник на 147 кому дефинитивно му е дојдено време да замине во
пензија.
Новиот компакт на Alfa уловен од ловците на автомобили скоро е сигурно дека ќе го носи името Milano, не ознаката 149.
Моделот со кој миланезите би требало да се гордеат премиерно ќе биде претставен на есен на салонот во Франкфурт.
Се чини дека до тогаш ќе гледаме само шпијунски фотографии
бидејќи Alfa
Milano сеуште е сокриена под масивна камуфлажа. Сепак, дури и
олку сокриена може да се наѕре дека Milano во дизајнот ќе ги следи линиите поставени од помалиот MiTo и од 8C Competizione.
Меѓу издолжените предни светла стои карактеристично за
секоја Alfa
Romeo стилизираниот штит украсен со препознатливиот беџ. Одзади пак светлата ќе
бидат развлечени по ширина со вкомпониран круг на краевите.
Најважната нова информација за Alfa Romeo Milano е што автомобилот е поставен на сосема нова платформа, а не врз
платформата на актуелниот компaкт на Fiat, Bravo како што се најавуваше.
Новата платформа подоцна ќе ја користи и наследникот на 159 којшто ќе го носи препознатливото име на Alfa
Romeo од минатото, Gulia.
Новата стратегија на Alfa Romeo
очигледно покрај развојот на нова платформа оди кон враќање на духот на
минатите времиња кога производителот од Милано беше во подем, а неговите
автомобили носеа вистиснки имиња место неинвентивни бројки.
Alfa
Milano ќе биде поголема од автомобилот што го наследува 147, ќе
располага со доста голем список на четирицилиндрични бензински и дизел мотори
сите со турбо натполнење и менувач со две спојки. Се очекува дека само стартот на понудата и врвот ќе
бидат атмосферски бензинци.
Влезот во светот на Alfa
Milano ќе биде преку познатиот 1.4 литарски атмосферски
бензинец кој работи во моделите на Fiat, но и во Alfa
Romeo MiTo, додека врвот од понудата е загарантиран за атмосферскиот
бензински V6 од 3.2 литри од GTA верзијата на 147 и на 159.
Сега пред претставувањето на салонот во Франкфурт се
очекува вистински наплив на информации кои веруваме доволно ќе ја подгреваат
атмосферата до премиерата на Alfa Romeo
Milano.
|