Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Помалото GT на BMW уловено на тест
09.12.2011

Јасно е дека ловците на автомобили си ја бркаат работата, посебно кога се работи за една марка како што е BMW која предизвика бура со најавата за цела плејада на модели на база на серијата 3.

bmw-serija-3-gt-1-2011-1

BMW најави дури 14 модели кои ќе се произведуваат на платформата на новата генерација на серијата 3, а еден од нив е BMW 3 GT. Помалиот пандан на BMW 5 GT е поставен на продолжена платформа на Серија 3 наменета за пазарот во Кина.

Автомобилот со типска ознака F34 под масивна камуфлажа веќе тестира по патиштата во близина на развојниот центар на BMW во Минхен и иако наликува на серијата 3 го издаваат широките носачи C и линијата на кровот.

Место како кај класичен седан таа продолжува безмалку до крај на задниот дел сокривајќи ја петата врата. Одзади е поставен и спојлер кој е активен и се подигнува кога автообилот ќе достигне одредена брзина.

bmw-serija-3-gt-2-2011-1

Без оглед што идејата ја влече од поголемиот брат овој модел на BMW повеќе ќе наликува на купе со пет врати и ќе нуди поспортска нота. Што се однесува до погонската спрега и останатата технологија таа е идентична како кај серијата 3.

Развојот е во тек, а појавувањето на пазарот е оставено за втората половина на следната 2012 година. Премиерата се очекува да се случи на салонот во Париз.

 

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook