|
15.01.2008 |
Дојде редот за благо освежување и затегнување на брчките
и на Cayman, или
како што многумина од милост го нарекуваат малечкиот 911, но и на неговиот
отворен брат близнак, Boxter.
Последните фотографии направени од неуморните папараци ни
ја даваат на дланка новата генерација на најмалото купе и кабриолет на Porsche. Иако податоците како
што се мотор, менувач, моќност, перформанси сеуште се држат во тајност можеме
да се насладуваме на новиот дизајн и на сознанието за доработените мотори.
Одзади
се забележува измена на светлата и кај Cayman и кај Boxter. Сега задните светла
се перчат со позаоблена форма и нудат повеќе карактер. Напред пак се поставени LED светла во стил на
911 Turbo кои
одлично се вклопуваат во новиот дизајн на маската. Измени се очекуваат и внатре
во патничкиот простор, но за сега тој останува сокриен од погледите на
јавноста.
Новиот модел се очекува да биде претставен во текот на
годината кога најверојатно ќе стартува и продажбата. Цените би требало да бидат
неколку проценти повисоки од сегашните.
 
|