|
31.01.2012 |
|
Новата генерација на Porsche 911 Turbo ќе користи три турбо полначи кои ќе пумпаат повеќе воздух во боксерот со шест цилиндри. Од нив два се поголеми и еден е помал за ниску вртежи.

Со трите турбо полначи Porsche одлучи да го следи примерот на BMW и поставува мал турбо полнач кој ќе се врти на ниски вртежи и ќе обезбедува доволно моќност при возење во град и при забрзување.
Откако вртежите ќе пораснат на сцена стапуваат два големи турбо полначи на Borg Warner, истите се вградуваат и во актуелниот модел. Тие ќе бидат доволни за максимални 530 КС во обичната изведба.
Кај 911 Turbo S моќноста ќе биде подигната на 550 КС и ќе се испраќа кон сите четири тркала преку седум степен менувач со две спојки. Истиот мотор ќе се вградува и во отровните верзии GT2 и GT2 RS.
Како што велат инсајдери на Porsche тестирањето на системот е при крај, а премиерата на 911 Turbo e закажана за март на салонот во Женева.
|