Новиот голем теренец на VW ги
превзема техничките детали од малиот Tiguan и на големо
користи алуминиум за да ослабе. Воедно ќе биде полут, пошик и позелен од
сегашниот Touareg.
Како што прикажуваат овие ексклузивни цртежи новиот голем
теренец на VW има многу поагресивен лик. Сепак, ќе биде полесен и
поекономичен од моделот што е на залез. Дури се крои план и за хибрид.
Продажбата стартува во 2010, а ќе го исправи пред
предизвикот на новиот Х5 на BMW, М класата на Mercedes и гигантот од
соседниот двор Q7 на Audi. Затоа дизајнерите на Touareg
му дадоа смел стајлинг кој е под големо влијание на неодамна претставениот
Tiguan.
Напред се издолжените светла, масивна маска и голем
браник со интегриран штитник за картерот на моторот. Одзади се гледа голема
разлика кај С носачот, додека поделената задна врата ќе им овозможи на
сопствениците да го отвораат стаклото независно.
Внатре ќе има уште повеќе простор благодарение на
зголеменото меѓуоскино растојание за 50 милиметри. Со цел равноправно да се
носи со престижните ривали, изработката и употребените материјали ќе бидат со
најголем квалитет.
За да се подобри економичноста инженерите на VW обилно
користат алуминиум во структурата на теренецот со што се заштедуваат 300
килограми. Под хаубата ќе работат познатите мотори.
Се стартува со 3.2 литарскиот бензинец V6
со 276 КС, а врвот е загарантиран за 4.2 литарскиот бензинец V8 со 345 КС.
Љубителите на дизели ќе можат да бираат од два V6 TDI со
зафатнина од 2.7 и 3.0 литри, големиот 5.0 литарски V10 ќе биде
заменет со 4.0 литарскиот V8 TDI на Audi. Сите верзии ќе го користат шест степениот автоматски
манувач Tiptronic.
Оние пак што бараат уште поголема економичност ќе мора да
чекаат до 2012 кога ќе биде пуштена во продажба верзијата со хибриден погон. Со
комбинирање на моќен електромотор и 3.2 литарскиотн бензинец V6 Touareg би требало
да биде брз и економичен.
Воедно вградувањето на систем старт/стоп и систем за
регенерирање на енергијата при сопирање дополнително ќе ја зголеми
економичноста.
|