И покрај желбите да се сокрие од очите на јавноста
третата генерација на Renault Megane е разоткриена. Покрај статичките
и динамички шпијунски фотографии доаѓа и клучната информација.
Премиерата на Renault Megane ќе се
појави во втората половина на годината. Најлогично е тоа да се случи на салонот
во Париз, но бидејќи веќе толку се знае за автомобилот кој повторно е фатен за
време на тестирање во Renault можеби размислуваат за пред премиера.
Од фотографиите како и претходно може многу да се дознае
за новиот автомобил. Прво и основно екстравагантниот заден дел кој будеше или
симпатии или негодување, значи нема средина, дефинитивно е напуштен. И сега Мegane нуди
дизајн која многу лесно може да го претвори во најпосакуваниот автомобил во
компактната класа во Европа.
Интересно е што бегајќи од ловците на нови автомобили
инженерите на Renault се упатиле дури во далечната Австралија каде што се
прават последните тестирања на автомобилот пред да влезе во сериско
производство. За почеток веќе кажавме дека на располагање ќе бидат две
каросериски варијанти. Хечбек со три и со пет врати.
Покрај овие две основни верзии како и до сега во Renault
планираат и седан, комби, но и купе-кабриолет. Освен овие моделски изведби
платформата на новата генерација на Мegane ќе послужи и за наследниците
на моделската понуда на Scenic, но и за нов малечок SUV.
Кога се во прашање моторите веќе се претпоставува што ќе
работи под хаубата на новиот Megane, но сепак тука последниот збор ќе го има Renault, а
деталите ќе се знаат по официјалното претставување.
|