Get Adobe Flash player

Потврдено Audi TT RS ќе има мотор од 2.5 литри
10.11.2008
audi-tt-rs-1.jpgПотврдата доаѓа директно од Audi, но не е наменета за јавноста туку за дилерската мрежа во Германија. Всушност станува збор за протечена информација од голема важност.

Во писмото упатено до дилерите Audi ги информира дека најлутиот TT на денешницата кој ја носи ознаката RS под хаубата ќе има турбо бензинец TFSI со зафатнина од 2.5 литри.

Поточно моторот е опремен и со механички компресор и со турбо полнач технологија првпат искористена од страна на групацијата VW Audi кај бензинецот од 1.4 литри.

Зафатнината од 2.5 литри е распоредена во пет цилиндри во линиски распоред поставени под хаубата на Audi TT RS. Максималната моќност што ја остварува 2.5 литарецот застанува на 335 коњски сили.

Снага за респект, но би рекле и вртежен момент за респект чива максимална вредност се искачува на мрсни 450 Nm. Овие бројки се доволни за да го катапултираат возачот на TT RS за 4,5 секунди до 100 km/h и до максимална брзина од електронски ограничени 250 km/h.

Во писмото покрај основните податоци за моторот и перформансите Audi ги информира дилерите дека треба да го нудат TT RS како исклучително моќен и брз автомобил, но и како исклучително штедлив со просечна потрошувачка од малку над 8,0 L/100 km.

 
Get Adobe Flash player