|
26.06.2007 |
Планиран да се појави на салонот во Токио на есен GT-R е во
завршната фаза на тестирање. Тркачките патеки каде е фатен на дело очигледно ќе
бидат неговата природна животна средина.
GT-R ќе го носи новиот мотор на Nissan 3.7
литарскиот V6 со VVEL технологија и два турбополначи за да ја подигнат моќноста
на преку 450 коњски сили.
Моќноста се испорачува на сите четири тркала преку
последната верзија на системот ATTESA ET-S осетлив на промената на вредноста на
вртежниот момент, плус секвенцијален менувач или пак менувач со две спојки.
Nissan планира да го понуди GT-R во три
различни вкусови, стандарден модел, GT-R V-Spec и врвот на
понудата GT-R Evo. Последниов ќе биде полесен од претходните два модели за
100 kg благодарение на делови од каросеријата изработени во карбон и ќе се шепури
со преку 500 КС.
|