Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Прототипот BMW i8 вози
28.12.2011

Уловен како вози во кругот на развојниот центар на BMW во Минхен прототипот на хибридниот спортист i8 за првпат ни дозволува на ѕирнеме како автомобилот ќе личи кога ќе пристигне на пазарот.

bmw-i8-maskiran-1-2011-1

Интересно на шпијунските фотографии објавени од Bimmerpost се забележуваат многу измени во однос на прикажаниот концепт. Прво што паѓа в око е новиот преден браник кој не е подвиен како муцка од ајкула.

Понатаму тука се дополнителните тркалезни светла во задниот браник кои се камуфлажа за автомобилот да има светла одзади, вистинските светла поставени високо како кај концептот се целосно сокриени.

Задржани се страничните носачи на кровот кои флуидно течат од хаубата до задникот и одзади се претвораат во странични крила кои генерираат негативен потисок. Но, предното и задното стакло повеќе не се слеани со кровот.

bmw-i8-maskiran-2-2011-1

Избегале и страничните ретровизори кои сега место на предните носачи А, се наоѓаат на вратите. Тие пак, исто така се сменети. Поголеми се и прагот е поставен пониско за полесно влегување, а пониско се поставени и кваките.

Хибридниот спортист BMW i8 го задвижува високоефикасниот бензинец со три цилиндри кој остварува 223 КС и 300 Nm сместен одзади и електричен мотор од BMW i3 со 130 КС и 250 Nm сместен напред.

Вкупната моќност од 353 КС и вртежен момент од 550 Nm се доволни за спринт до 100 km/h за 4,6 секунди, максимална брзина од електронски ограничени 250 km/h и меѓузабрзување од 80 до 120 km/h за 4,0 секунди.

bmw-i8-maskiran-3-2011-1

BMW i8 само на струја може да мине 35 километри и во просек троши 2,7 l100 km. Во него ќе се возат четири патници, а одличната возна динамика е условена од совршениот тежински распоред меѓу предна и задна оска од 50:50.

Секако податоците се пресликани од концептот, но од BMW уверуваат дека ќе важат и за серискиот модел. Дали ќе има измени додека i8 стигне до серија не се знае, но останува да ја дочекаме 2014 година кога ќе биде претставен.

BMW i8 прототип

BMW i8 Concept

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook