Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Први фотографии од отворениот Fiat 500
22.01.2009
fiat-500-cabrio-2.jpgПосле долги недоумици, претпоставки и најавувања конечно пред нас се истопорува отворената верзијата на Fiat 500. Малечок кабриолет, кој во суштина не е кабриолет во класичен смисол.

Првите најави за создавање на отворен Fiat 500 почнаа да кружат од почетокот на минатата година кога Fiat објави информација во која не ја исклучува можноста за кабриолет верзија од малечкиот убавец.

Подоцна Fiat потпиша договор со австриската каросериска работилница Magna Car Top Systems со која заеднички влегоа во развој на малечок кабиолет.

Договорот е Magna CTS да го изработува отворениот 500 во посебен погон кој ќе работи во склоп на фабриката на Fiat во Тики, Полска каде што се произведува затворената верзија.

Идејата на Fiat е кабриолет верзијата на 500 со цена да не отскокнува драстично од затворената варијанта и да биде достапна до што поширока публика.

Поради тоа кровот е од платно, а компјутерски генерираната фотографија открива дека се задржани носачите кои ја сочинуваат рамката на стандардниот кров. На ваков начин се зачувува структурната стабилност на каросеријата дури и кога кровот е отворен.

Плус се овозможува платениот кров едноставно да лизга меѓу рамките што ја поевтинува изработката. Воедно рамката служи како ролбар и ги штити патниците при евентуално превртување.

Ваквиот начин на градба на кабриолети не е нов за Fiat. И оригиналниот 500 го нудеше истиот принцип. Единствено кај него мекиот кров сочинуваше половина од тврдиот кров и беше задржано задното стакло.

Првата реална фотографија од Fiat 500 кабрио ни открива дека кровот ќе се нуди во повеќе различни бои, а се забележува и новиот иновативен начин на интегрирање на третото стоп светло.

И бидејќи од најава до реализација на 500 кабрио не требаше многу време треба да очекуваме дека наскоро ќе се појави и најавената 4х4 верзија на 500 .


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook