|
29.01.2008 |
Мора да се напомене дека ова е најсторго чуваната тајна
на Peugeot и несмее да биде откриена се до крајот на 2009. Но, ова
е премногу време за чекање, а луѓето по природа се настрпливи и...
Ете го новиот модел на Peugeot кој треба
да им ја замати водата на Volkswagen Tiguan, Audi Q5, Nissan Qashqai и кого
засега го нарекуваат 308 SUV, но всушност станува збор за долго најавуваниот 3008.
Папараците успеале да ги фатат прототипите за време на
тестирање некаде во скандинавија и според она што може да се види станува збор
за висока каросерија која не е претерано крената од земи што би требало да
резултира со одлично држење на патот како кај автомобил.
Интересно е што моделот ќе се нуди со погон на две или на
сите четири тркала. Вториов со помош на електронските помагала обезбедува
проодност на вистински терене која е ограничена само од малиот клиренс.
Моторите што ќе работат под хаубата се познати од останатите модели на Peugeot, од 1.6
литарскиот бензинец, до 2.0 литарскиот HDI дизел.
Премиерата на 3008 е закажана за пред крај на 2009, а комерцијализацијата за
почетокот на 2010.
 
|