|
10.08.2007 |
Фотографиите со маскираниот прототип на Mercedes откриваат
екстремно низок автомобил со долга хауба и мала кабина како вози следен во чекор од Класа G.
Знаејќи дека инженерите од AMG тргнале да
тестираат нешто ново папараците чекале за да го уловат она што треба да биде Mercedes SLC.
Ова се првите фотографии на автомобилот кој се подготвува
во тајност, а целта му е да го смени постоечкиот супер спортиста Mercedes-McLaren SLR. Фотографиите воедно откриваат дека новиот спортист има
слични пропорции со SLR и мотор поставен напред.
Иако финалната верзија нема да биде ниту малку слична со
тестново муле кое носи панели од Dodge Viper, сепак, добиваме идеја за
основните пропорции на автомобилот.
Пред неколку месеци тркачкиот партнер на Mercedes во DTM фирмата HVA, објави
дека развива спортски автомобил кој лежи на платформата на следната генерација
на SL.

|