Get Adobe Flash player
Renault го подготвува Twingo CC
18.03.2009
renault-twingo-cabrio-1.jpgRenault своите напори ги свртува кон проширувањето на понудата во сегментот на мали автомобили каде верува лежи најголемата битка за купувачите во годините што доаѓаат.

Токму затоа развојните инженери веќе работат на отворена верзија на популарното Twingo кое по претставувањето на спортската верзија RS на купувачите сака да им понуди поинаков тип на уживање.

Се работи за мал отворен автомобил со метален склоплив кров. Па така како и многумина пред него Twingo ќе ја носи наставката CC во името која е акроним за CoupeCabrio.

Првите срамежливи најави околу појавувањето на Twingo CC пристигнаа уште во 2007. Очекувањата дека ќе се појави како концепт на салонот во Париз, па дури и сега на салонот во Женева пропаднаа.

Сепак, се појавија неколку шпијунски фотографии од малиот кабриолет сокриен под масивна камуфлажа. Иако дизајнерските детали неможат да се видат контурите на автомобилот јасно кажуваат за што станува збор.

Во Renault сеуште молчат за Тwingo CC. Затоа наоколу кружат само претпоставки. Се очекува платформата да биде истата што ја користи актуелниот модел на Twingo и под хаубата да работат истите мотори.

Кровот ќе биде метален и ќе се склопува и отвора на притискaње на копче. Заради кратење на торошоците кровот ќе биде едноделен што значи користење на упростен систем за преклопување. Twingo CC ќе има само еден пар странични стакла, односно  тука се само стаклата на вратите.

Ако се суди според она што се наѕира од под камуфлажата Twingo CC значително ќе се разликува од класичниот Twingo. Иако пристигнувањето на пазарот сеуште е неизвесно Twingo CC го очекува силна конкуренција во форма на Peugeot 207 CC и Opel Tigra TwinTop која е пред пензија, но сепак, некако успева да се задржи во продукција.


 

 

 

Facebook