|
14.06.2007 |
Француската марка ги врши последните тестови за сериската верзија на теренецот Koleos кој како прототип се појави во Париз 2006. Tеренецот ќе се продава под знакот на Samsung на азискиот пазар.
Базиран на Nissan Quashqai компактниот теренец ќе почне да се продава во првата половина од 2008 во верзија со погон само напред и со погон на сите тркала. Се очекува дека и моторите ќе бидат истите како кај Qashqai: 1.6 со 115 КС и 1.5 dCi со 106 КС, како и дволитарци со 140 (бенз.), односно 150 КС (дизел).
Иако камуфлажата е темелна се забележува дека дизајнот не отстапува многу од оригиналниот концепт кај студијата од Париз.
|