Отркиени се плановите на Renault за
обновување на Laguna. Иако едвај една година на пазарот последната генерација
на Laguna оди под ножот на пластичен хирург.
Причината зошто во Renault одлучуваат
да го разубават моделот олку рано лежи во лошите продажни резултати. Купувачите
тешко го прифаќаат актуелниот дизајн и затоа итно се превземаат соодветни мерки
за да се амортизира зададениот удар.
Дизајнерските измени ги опфаќаат предните светла кои сега
имаат темна основа и се многу подефинирани. Носат одвоени проектори за кратко и долго
светло, трепкачи и светло за возење дење.
Измени напред претрпува и предната маска и браникот.
Одзади акцентот е ставен на новите светла кои го имитираат обликот на бумеранг,
воедно се многу попривлечни од оние на актуелниот модел.
Редизајнираната Laguna пристигнува на
пазарот во првата половина на 2010, односно цела година порано од првичниот
план за обновување на моделот.
Во Renault истакнуваат дека нивните производствени капацитети
дозволуваат производство на 200.000 примероци на годишно ниво, но според
продажбата не очекуваат повеќе од 90.000 продадени моделски изведби на Laguna
годишно.
Причината покрај неуспешниот дизајн ја наоѓаат и во
економската криза и во силната конкуренција што владее во овој сегмент.
|