Get Adobe Flash player
Renault Megane комби фатен без камуфлажа
02.03.2009
renault-megane-karavan-1.jpgНовата генерација на комбито од Renault Megane е фатено без масивна камуфлажа во предвечерјето на светската премиера која е закажана за оваа седмица на салонот во Женева.

Комби верзијата на новиот Megane е фатена за време на снимањето на рекламниот спот во главниот град на Португалија, Лисабон кој ќе биде ударен момент од големата рекламна кампања која ќе го следи појавувањето на моделот.

Додека предницата е идентична со хечбекот со пет врати, задниот дел носи комплетно нов дизајн. Задните светилки се доста масивни и длабоко задираат во страниците на каросеријата.

Ако се спореди со комбито од претходната генерација може да се забележи дека новајлијава нуди далеку подинамичен изглед со забележливо накосена задна врата чива праг задира длабоко во браникот.

Под хаубата ќе работат истите мотори кои веќе се најавени за во петвратната варијанта. Се очекува комерцијализацијата да стартува по завршување на салонот во Женева.


 

 

 

 

 

 

Facebook