|
15.05.2008 |
Иако веќе го видовме новиот Мegane во
неговото вистинско светло сокриен некаде по халите на развојното одделение на Renault секогаш е
интересно кога автомобилот ќе излезе на улица.
Според она што може да се забележи на фотографиите ловците
на автомобили морале да отидат дури во Турција за да ги фатат првите чекори на новото
„фраерче” во компактната класа.
Од фотографијата каде е фатен во профил се гледа дека наследникот
на Мegane, иако и припаѓа на компактната класа, ниту од далеку не
е малечок автомобил. Се очекува по должина да му парира на Ford
Focus, но и да му избега за неколку сантиметри.
Со дизајнерски елементи кои како што кажавме се
инпирирани од новата Laguna, но и од концептот Megane Coupe кого го
видовме на годинешниот салон во Женева, нема сомневање дека по новиот Мegane ќе се
свртуваат сите.
Премиерата е на салонот во Париз, а продажбата стартува
на почеток од 2009. До тогаш се надеваме дека полека ќе се слеваат информации и
дека до премиерата за Megane ќе имаме уште повеќе сознанија.
|