|
22.02.2008 |
Иако станува збор за шпијунски фотографии во врска со
третата генерација на Renault Megane нема ништо скришно. Извори во Renault
потврдуваат дека Megane III ќе се појави на крај на 2008.
Од овие први фотки на новиот Megane неможе да
се открие многу во врска со надворешниот изглед на автомобилот. Од она што може
да се наѕре единствениот заклучок е дека под камуфлажата се кријат дизајнерски
елементи од новата Laguna.
Воедно се знае дека новиот Megane ќе биде
поголем од сегашниот модел бидејќи тенденцијата на раст на автомобилите од оваа
класа продолжува.
Првичниот развој на автомобилот со кодно име х95 опфаќаше
многу различни каросериски варијанти. Ном на крај се се сведе на класика,
односно хечбек со пет врати, седан и комби. За жал верзијата со три врати
отпаѓа.
Традиционално малку подоцна ќе се појави и купе и
купе-кабриолет. Секако на платформата на Megane III ќе биде
поставен и новиот Scenic, а голема е веројатноста и за нов малечок SUV.
Основниот мотор за разлика од сега нема да биде 1.4
литарецот, туку 1.2 литарскиот TCE познат од новиот Clio и Twingo,
а секако тука ќе се најде и подобрената верзија на познатиот 1.5 литарски dCi.
 
|