Конечно ловците на фотографии успеаја да го фатат новиот Scenic на
отворено. А покрај нив врз основа на камуфлираната верзија дизајнерите успеале
да го предочат конечниот изглед.
Секако кога автомобилот ќе биде претставен на салонот во
Париз на есен треба да се очекуваат одредени разлики, но генерално формата ќе
биде задржана.
Очигледно е дека новата лагуна носи нови дизајнерски
смерници во Renault. Предните светла, маска и браник се варијација на тема што
се гледа од приложеното.
Новиот Scenic има далеку поаеродинамична форма доволно за да добие
призвук на поспортски и полуксузен модел, сепак, фамилијарниот транспортер ќе
биде далеку од еден спортист. Но, ако личи така веруваме дека никому нема да му
пречи. Напротив.
Практичноста, како и секогаш, ќе биде посилната страна на
Scenic. Лесното преклопување, преместување и отсранување на
седиштата и понатаму ќе служи за пример во класата. Со комплетното отстранување
на седиштата ќе се добива совршено рамен под и голем товарен простор.
Квалитетот на материјалите во кабината ќе биде идентичен
со оној во Laguna што ќе го однесе Scenic скала
повисоко во својот сегмент. Што се однесува до моторната понуда се знае дека во
него ќе се вградува нивиот 1.4 литарски турбо бензинец најавен и за во Megane.
Дизелската понуда пак ќе ја сочинуваат 1.5 и 2.0
литарските dCi. За цената сеуште нестанува збор, но треба да се очекува
старт од околу 17.000 евра откако Scenic ќе се појави во продажните
салони во 2009.
|