Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Renault Scenic протечена информација
15.10.2008
renaul-scenic-3-1.jpgОчигледно е дека Европскиот завод за патенти ги има купено правата за премиерно претставување на новите модели на Renault. По протечената информација за Megane, на ред е и Scenic.

Основните скици на дизјанот, од кои се добива јасна претстава за конечниот лик на Scenic, се испратени до Европскиот завод за патенти заради регистрирање на моделот.

Црно белите скици на новиот Scenic јасно прикажуваат дека дизајнерскиот тим во Renault одлучил дизајнот на компактниот ван да го доближи до Laguna Coupe, место до Megane врз чива платформа е поставен.

Продолжува и традицијата на Renault, Scenic да го произведува во две верзии со различно меѓуоскино растојание, со пет или седум места за седење именувани како Scenic III и Grand Scenic III.

И двете верзии се поставени на платформата на новиот Megane, која за Grand Scenic ќе биде дополнително развлечена. Купувачите на новиот Scenic ќе можат да избираат од една огромна палета на мотори.

Повеќето од нив се познати, а најголем акцент се става на дизелите на Renault dCi од 1.5 и 2.0 литри. 1.5 литарскиот dCi ќе се нуди во четири верзии со моќност од 85 КС, 90 КС, 105 КС и 110 КС, додека помоќниот 2.0 dCi нуди распон на снага од 130 КС, 150 КС и 160 КС.

Бензинците ги претставуваат 1.6 и 2.0 литарските атмосферски четирицилиндерци со моќност од 100 КС и 110 КС, односно 140 КС и 1.4 и 2.0 TCE со турбо натполнење кои остваруваат 140 КС, односно 180 КС.

Покрај напредната технологија и современите агрегати главните причини за успех на новиот Scenic како и до сега се просторната кабина, голем број на варијанти на ентериерот, голем багажник, седишта кои можат да се преклопуваат и вадат со што дополнително се обезбедува место за патниците и за багажот, пријатен и практичен дизајн, функционалност и цела палета на мотори.

Според добиените информации новиот компкатен ван на Renault треба да стартува со продажба во текот на првиот квартал од 2009.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook