Спортската верзија на Megane Coupe наречена RS е дело на
инженерите од RenaultSport , спортскиот оддел на Renault и ќе биде
претставена на јавноста на салонот во Женева во март.
Под хаубата на Megane Coupe RS нема да
работи новиот 1.8 литарски турбо бензинец како што беше најавено при
претставувањето на новите мотори на Renault.
Задачата да го задвижува компактниот спортист на Renault ќе му
припадне на познатиот 2.0 литарски бензинец кој работи и во актуелниот Megane
RS.
За новотото работно место француските инженери му ја
подигнале моќноста од 230 на 250 коњски сили со цел да го направат најмоќниот
компакт во класата.
Неговите конкуренти нудат помалку коњски сили. Volkswagen
Golf GTI е послаб за 40 коњски сили, Ford Focus ST за 25 коњски сили
и Opel Astra OPC за 10 коњски сили.
Погонот како и до сега е на предните тркала преку шест
степен мануелен менувач, а подвозјето и каросеријата на Megane
Coupe се модификувани за да се постигне максимален ефект кај возните
карактеристики на RS.
Како и до сега во план се неколку верзии на RS кои ќе се
разликуваат по динамичките карактеристики, суспензијата, олеснување на
каросеријата, внатрешното уредување и слично.
Визуелно Megane Coupe RS ќе се разликува од својот големо сериски
брат по впечатливиот аеродинамичен кит кој ќе се состои од нови
браници, спојлери и испакнати арки над тркалата.
Прецизниот датум за комерцијализација на моделот сеуште
не е утврден, но се очекува во Renault да бидат брзи и да го пуштат во продажба веќе на пролет.
|