Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Револуцијата повторно доаѓа од Франција
04.08.2008
renault-megane-coupe-1.jpgНасловот го потврдува новата генерација на Renault Megane. Купето со три врати е фатено од ловците на автомобили за време на снимањето на новиот рекламен спот.

И покрај обидите на филмската екипа да го сокријат автомобилот, сепак, фотографот кој се нашол во одлична прилика за улов направил неколку фотографии на кои јасно се препознава конечниот изглед на Megane.

Главна дизајнерска карактеристика е впечатливата предница која плени со својот изглед и му дава спортска нота на автомобилот. Патем сребрените рамки во кои се сокриваат големите отвори за воздух совршено одговараат со прегорената портокалова метализирана боја.

Сепак, тие се карактеристични само за купето со три врати. Верзијата со пет врати би требало да нуди посмирен дизајн кој нема да вришти како купето. Иако е малку чудно компактот со три врати да се нарекува купе, во Renault не отстапуваат од одлуката.

Верзијата со три врати ќе го носи името Megane Coupe и на пазарот треба да се појави во 2010. Покрај препознатливата предница Megane Coupe има и покус задник во однос на обичниот Megane, но и понакосено предно стакло и шик задни светла.

Во Renault се свесни дека сто грама стил е повеќе од килограм вистински вредности. Токму затоа настапуваат со агресивен дизајн. Сепак, стигнува потврда дека новиот Megane нема да биде стил без содржина.

Болестите на актуелната генерација која е на залез се излечени и одат во заборав. Новиот Megane кој е поставен на иста платформа со Nissan Qashqai ќе биде далеку поиздржлив и поквалитетен автомобил.

Големо внимание е посветено на уредувањето на кабината и употребените материјали. Тука развојниот тим на ум ја имал новата Laguna, што значи, уредувањето на патничкиот простор ќе личи како да е од класа повисоко.

За моторната понуда веќе пишувавме. Единствена новост е најавата за врвен спортист со турбо бензинец кој ќе испорачува околу 300 коњски сили и кој веќе се подготвува во RenaultSport.

И за сега толку. Светската премиера со нетрпение ја очекуваме на салонот во Париз на есен.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook