Get Adobe Flash player

Родстер на база на Mazda 2
09.06.2009
mazda-2-roadster-1.jpgОд Јапонија протекоа информации дека Mazda работи на нов родстер со две седишта поставен на основата на актуелната Mazda 2. Автомобилот на пазарот во Јапонија сеуште се продава под стартото име Mazda Demio.

Доколку информациите се точни и доколку автомобилот навистина заживее и влезе во сериско производство ценовно ќе биде позициониран под Mazda MX-5, а ќе биде директен конкурент на најавениот Renault Twingo CC, Peugeot 207 CC и Opel Tigra.

Најверојатно отворената Mazda 2 ќе има метален склоплив кров, а на капакот под која ќе се сокрива ќе бидат изведени две набабрувања кои потсетуваат на родстерите од минатото, а под нив ќе се сокриваат арките од ролбарот кој ќе ги штити возачот и совозачот.

Под хаубата ќе работат истите мотори кои ја задвижуваат Mazda 2 и новата Ford Fiesta. Значи бензинците од 1.3 и 1.5 литри и турбо дизелите од 1.4 и 1.6 литри.

Во врска со најавата за родстер врз база на Mazda 2 јапонскиот магазин за автмобили Best Car објави и компјутерски генерирана фотографија од можниот изглед на новиот отворен автомобил на Mazda.

Автомобилот дефинитивно изгледа добро. Иако чудни предните фарови како и капакот на кровот се тукa за да го донесат призвукот на минатото и да го оживеат ретро стилот на новиот малечок родстер.

 
Get Adobe Flash player