Get Adobe Flash player
Rolls Royce Ghost уловен на траект
18.05.2009
rolls-royce-ghost-1.jpgНајочекуваниот модел на Rolls Royce, така наречениот baby Rolls, кој гордо ќе го носи името Ghost е фатен додека бил превезуван на траектот што патува од Кале до Довер.

Ghost за првпат е фатен без да биде прекирен со масивна камуфлажа, единствените сокриени делови од каросеријата се предната маска и секако статутетката која најверојатно се сокрива под хромираната плочка на носот.

Случајниот минувач, односно патник на траектот кој успеал да ги фати инженерите на Rolls Royce неподготвени направил една фотографија и од внатрешноста на автомобилот каде се препознава типичниот стил на британскиот производител.

Иако е наречен baby Rolls, Ghost е далеку од малечок автомобил. Тој во должина мери 5,4 метри, ќе тежи преку 2 тона и на својот сопственик ќе му понуди изобилство луксуз, но и задоволство во возењето.

Идејата на одговорните во Rolls Rоyce е сопствениците на Ghost да не зависат од возач, туку сами да седнат зад волан и да ја почувствуваат моќта на 507 КС кои доаѓаат од V12 со зафатнина од 6.6 литри.

Светската премиера е закажана за во септември за салонот во Франкфурт.

 

 

 

 

Facebook