|
19.12.2011 |
|
Сокриена под масивна камуфлажа инженерите на Nissan ја тестираат новата генерација на теренецот Pathfinder која е поставена на сосема нова платформа и треба скоро да се појави на пазарот.

Според инсјадери на компанијата новиот Pathfinder треба како концепт да се појави во јануари на салонот во Детроит. Тој ќе го замени сегашниот робусен теренец и ќе наликува на новиот Infinity JX.
Платформата на која е поставен новиот Pathfinder треба да и послужи и на новата генерација на кросоверот Murano. Nissan сеуште молчи за новата генерација на Pathfinder, а подетални иформации се очекуваат пред салонот во Детроит.
Сепак, се претпоставува дека серискиот модел ќе пристигне на пазарот кон крајот на година, продажбите би стартувале на почетокот на 2013 година, а приоритет ќе биде даден на пазарот во САД.
|