|
Најавуваниот малечок хибрид на Toyota кој беше најавен како Prius C конечно се појави преку каталог наменет за дилерската мрежа кој е скениран и објавен на интернет пред неговата премира.

Секако серискиот модел на Prius C има многу малку заедничко со концептот претставен во Детроит на почетокот на годината, сепак задржани се димензиите и генералниот облик на каросеријата.
Внатрешноста исто така не се споредува. Место футуризмот на концептот за во серискиот модел дизајнерите се одлучиле за нешто што му одговара на сегашното време и скроиле варијација на тема од оригиналниот Prius.
Според податоците објавени во каталогот Prius C дефинитивно е најмалиот член во фамилијата на Prius со должина од 3.995 mm, ширина од 1.695 mm и висина од 1.445 mm. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.550 mm.
Димензиите откриваат дека Prius С е за нијанса поголем од новиот Yaris што значи дека на пазарот би имал конкурент во најавената хибридна верзија на Yaris, но, затоа пак нема да се продава во Европа.
Што се однесува до хибридниот систем тој ќе се состои од 1.4 литарски бензинец со моќност од 74 КС и максимален вртежен момент од 111 Nm, додека моќноста на електромоторот изнесува 61 КС, а максималниот вртежен момент е 169 Nm.
Моќноста се испраќа до предните тркала преку менувач со континуиран преносен однос CVT, а што се однесува до просечната потрошувачка од Toyota наведуваат дека таа изнесува 2,8 l/100 km.
Премиерата треба да се случи во декември на салонот во Токио, но постои веројатност дека Prius C прв пат би се појавил и на салонот во Детроит во јануари 2012 година.
|