Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Седмата генерација на Golf тестира
30.11.2011

Уловена е седмата генерација на Volkswagen Golf за време на тестирање во близина на тестната патека на групацијата Ehra – Lessien каде инженерите ги проверуваат најновите технички системи.

vw-golf-sedma-generacija-1-2011-1

Од Volkswagen се свесни дека обликот на автомобилот е добитната комбинација и иако под масивна камуфлажа кај прототипот јасно се гледа дека генералниот лик не е сменет, но затоа се сокриени деталите.

Секако за разлика од актуелната генерација која е модернизирана варијанта на Golf V, седмата генерација ќе биде поставена на сосема нова платформа со значителни новини во поглед на суспензијата и вградените технологии.

Моторната понуда ќе биде иста како и кај актуелниот модел. Разликите ќе бидат во поглед на одделни мотори како што е на пример турбо бензинецот од 1.4 литри TSI кој ќе работи на етанол и на компримиран природен гас CNG.

Изведбата која ќе работи на етанол ќе испорачува 122 КС, додека она што ќе работи на гас ќе испорачува 110 КС. Тука е и бензинската изведба на 1.4 TSI која ќе испорачува 140 КС, а и дизелот 1.6 TDI со 150 КС.

Кога точно ќе се појави седмата генерација на Golf сеуште не се знае, но се претпоставува дека тоа ќе се случи на салонот во Франкфурт на есен во 2013 година.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook