|
25.04.2007 |
По суперлесниот Gallardo Lamborghini сега работи на оптимизација на тежината и
на Murcielago. Болидот од Сант Агата олеснува за 150 килограми.
Lamborghini
Murcielago Superleggera е
уловен во објектив за време на тестирањето за дотерување на подвозјето на
патеката во Нирбургринг. Тренерите на Lamgo ја спуштаат
тежината главо со користење на компоненти од карбонски влакна. Кај Murcielago од лесниот, црн и скапоцен материјал се
изработени надворешноста на вратите, хаубата, ретровизорите и капакот на
средишниот тунел внатре.

Со фитнес
програмата дебелкастиот Murcielago ќе дојде од првобитните 1665 на 1500
килограми. Не е потврдено дали гигантскиот заден спојлер ќе се вградува во
серија или како дополнителна опрема.
Техничарите ја
чепнаа и силината на дванаесетцилиндарецот. Со 700 КС Murcielago без проблем се нацртува на 350 километри на час.
Ракетата од Сант
Агата ќе се појави пред публика во септември, на салонот во Франкфурт.
|