|
13.01.2012 |
|
Се појави верзијата на новата Серија 3 на BMW која е наменета за пазарот во Кина. Таа има поголемо меѓуоскино растојание согласно барањата на тамошниот пазар исто како поголемата Серија 5.

Оваа верзија е наменета исклучиво за во Кина и нема да се продава на другите пазари ширум светот. Производството исто така ќе се одвива во Кина. Меѓутоа нејзината основа нема да остане во Кина.
Имено продолжената Серија 3, како што пишувавме, ќе послужи за на неа да се постави Gran Turismo изведбата на серијата 3, BMW 3 GT, која за разлика од донаторот на шасијата ќе се продава глобално.
Автомобилот кој е уловен е 335Li или знаменосецот во гамата на продолжената серија 3. Нуди значително повеќе простор на задните седишта и сака да привлече купувачи кои вообичаено се обраќаат до повисоките класи.
Премиерата BMW ја закажува за во месец април на салонот на автомобили во Пекинг.
|