Get Adobe Flash player
Скица од Saab 9-1
15.02.2008
saab-9-1-skica-1.jpgПостојат две опции во врска со појавувањето на скицата на идниот малечок Saab. Или станува збор за сериозен пропуст во обезбедувањето на информациите или за генијален маркетиншки потег.

Се претпоставува дека автомобилот на скицата е идниот сериозен противник на Mini. Ова посебно се забележува во горниот дел од автомобилот посебно кровот и задниот раб кои неодоливо потестуваат на Mini.

Точно е дека многумина ќе забележат дека сепак, станува збор за скица, но факт е дека сличностите постојат. Предниот дел се обидува да ги имплементриа препознатливите линии на Saab, но и тука можат да се најдат сличности со други автомобили. Посебно предниот браник чиви отвори потсетуваат на Ford Focus.

Огромните тркала, ниските странични стакла и накосеното предно стакло укажуваат на добра аеродинамика потребан да се оствари ниска потрошувачка и висока крајна брзина што се суштински елементи во борбата против Mini.

Очигледно е дека постоечките дизајнерските елементи ќе продолжат и во внатрешноста, а лутиот иглед подразбира и сосодветни мотори и механика кои неможат да бидат евтини. Па така се очекува и Saab 9-1 со цената да врти некаде околу 20.000 евра секако за основниот модел.

 

 

 

Facebook