Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Skoda Superb Combi
15.04.2008
skoda-superb-combi-1.jpgЧешкиот производител на автомобили планира да ја добие просторната битка во класата со претставување на караван моделска верзија на својот знаменосец Superb.

Ова е прва караванска изведба на Superb, бидејќи првата генерација се нудеше единствено како седан. Планот е Superb караван да биде претставен на есен, поточно во септември на салонот во Париз.

Караванот е фатен за време на тестирање во зимски услови и иако е камуфлиран за да личи како Octavia Combi сепак продолженото меѓуоскино растојание и повисокиот кров откриваат дека станува збор за многу поголем автомобил.

Чесите очекуваат Superb Combi да се фати во костец со шведскиот Volvo V70, и да превладаат поради многу поголемиот простор што ќе биде понуден во внатрешноста.

Superb Combi во должина ќе мери 4.850 милиметри што е идентично на лимузината, но поради повисокиот кров и поместената задна клупа ќе нуди значително повеќе волумен, но и значително поголема носивост. Плус најавена е и иновативна конструкција на задната врата која ќе се отвора во два дела.

Што се однесува до моторната понуда под хаубата ќе работат познати агрегати на VW, односно три бензинци и три дизели. Цената на караванот би требало да биде за околу 2.000 евра повисока од онаа кај седанот.

skoda-superb-combi-2.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook