|
26.02.2009 |
Компaктниот SUV на Skoda, Yeti, најавен за во Женева конечно е фатен
на дело. Ловците на автомобили го уловиле некаде на северот од Европа обезбедувајќи сигурен доказ дека постои.
Дополнително, убавината на доказот е во тоа што Yeti е фатен
безмалку без камуфлажа и во целост го открива својот конечен дизајн, од кого,
светската јавност треба да се изненади и одушеви кога ќе го види на светската
премиера во Женева.
Иако поставен на платформата на VW Tiguan, Yeti како
поекономична варијанта покрај погонот на четири тркала ќе нуди погон и на
предни тркала.
Да не должиме целосните податоци и фотографии за Yeti ќе бидат
обелоденети за неполна седмица, поточно во вторник на 3. март кога рефлекторите
премиерно ќе блеснат над него во Женева.
|