Најавуваниот комапктен SUV на Skoda, моделот Yeti се наоѓа во
фаза на обемни тестирања од страна на инженерите на чешкиот производител за што
како доказ служат следните шпијунски фотографии.
Појавувањето на Skoda Yeti на патиштата ширум
светот е логичен след на настаните бидејќи се потребни опсежни испитувања
пред возилото да се појави на пазарот кон средина на следната година.
Плановите на Skoda за
комерцијализирање на концептот Yeti претставен на салонот во Женева во 2005, полека, но
сигурно се остваруваат. Чесите уште лани најавија дека Yeti ќе влезе
во сериско производство.
Skoda Yeti дефинитивно влегува на пазарот во
сегментот на комапктни SUV возила. Погонот е на четири тркала, а распределбата на
вртежниот момент се одвива преку најновата генерација на системот за
трансмисија на Haldex.
За оние кои немаат потреба од возило со погон на четири
тркала, но сепак, сакаат да уживаат во имиџот што го дава еден SUV, во Skoda излегуваат
во пресрет и најавуват дека Yeti ќе се произведува и во поефтина верзија со погон само на
предни тркала.
Шефот за развој на Skoda, Екхард
Шолц потврди дека прототиповите на Yeti се
тестираат и дека е донесена одлука во него да се вградуваат најсовремените
агрегати на групацијата Volkswagen.
Шолц говори за генерацијата TSI со два
турбо полначи и дополнува дека новиот 1.8 литарски TSI кој работи
во Octavia ќе го задвижува и Yeti.
Според информациите што доаѓаат од Skoda,
премиерата на Yeti ќе се случи пред премиерата на новиот Superb
Combi, а стартот на производството и продажбата е како што рековме во јуни 2009.
|