Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
SLR Speedster ќе го видиме во Париз
22.08.2008
slr-speedster-1.jpgMercede веќе ја објави информацијата дека ја прекратува соработката со британскиот производител на спортски автомобили McLaren. Двете компании конечно ќе се разделат во 2009 година.

Со престанокот на соработка престанува и производството на супер спортскиот автомобил McLaren SLR. И двете марки одлучија престанокот на производство на SLR да го обележат со специјално издание кое ќе биде на располагање за богатите купувачи во 2009.

Станува збор за Speedster верзија на SLR која ќе биде поставена на основата на SLR Roadster, а автомобилот официјално ќе биде претставен на салонот во Париз.

Но, желбата за што побучно обележување на крајот на производството на SLR не застанува тука. Покрај Speedster во Париз ќе биде прикажана и специјалната едиција на SLR Roadster наречена 722 Edition.

Пода хаубата на SLR Roadster 722 Editon бревтаат моќни 650 коњи, а чудната ознака 722 доаѓа од историскиот старт на трка во 1955 во која се натпреваруваше легендарниот Стрилинг Мос со Mercedes 300 SL, а стартот бил точно во 7:22 часот наутро.

Пoкрај дополнителните коњски сили во однос на обичниот SLR Roadster, изданието 722 Edition минало под интензивен тренинг за слабеење и дополнето е со поголеми и помоќни сопирачки и нов аеродинамичен кит.

Исто како и купето SLR 722 и родстерот ќе биде произведен во ограничена серија од само 150 примероци.

Сепак, во Париз ќе биде претставен SLR Speedster, но, само како концепт, додека сериската верзија се очекува да ја доживее светската премиера во јануари на салонот во Детроит.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook