Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Subaru со фамилијарен превозник
29.05.2008
subaru-exiga-mpv-1.jpgЈапонскиот производител е на пат да го претстави својот нов ван Exiga кој во моментов се наоѓа во завршна фаза на тестирање, а светската премиера е закажана за во јуни.

Инженерите на Subaru се чини дека се чувствуваат слободни во Калифорнија и неочекувајќи изненадување од некој ловец на автомобили се возат во прилично сиромашно камуфлиран модел.

На фотографијата се гледа ван со волан од десна страна кој покрај со мноштвото простор во внатрешноста очигледно и се обраќа на публика која сака спортски лик, но не само лик.

Потпирајќи се на својата долгогодишна традиција во рели и успешноста на спортските модели на Impreza, Subaru и Exiga го опремува со моќни мотори кои дишат преку големиот отвор на хаубата. Плус ако е за верување на папараците, а нема зошто да не им се верува, ванот носи спојлер на кровот и двојни издувни цевки одзади.

Под хаубата ќе работат познатите турбо боксери од 2.0 и 2.5 литри кои ќе остваруваат преку 200 и преку 300 коњски сили што е и повеќе од доволно моќност за еден фамилијарен ван. Исто така се очекува сета оваа снага на подлогата да се пренесува преку погон на четири тркала.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook