Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Toyota го подмладува Prius
19.02.2008
toyota-prius-1.jpgЈапонскиот производител се одлучи на ваков потег додека ги чека новите литиум-јонски акумулатори наменети за новата генерација на Prius кој е најпродаваниот хибрид на планетата.

Втората генерација на Prius е присутна на пазарот од 2004 и во Toyota сметаат дека е стасано времето кога треба да се појави наследникот. Но, за него ќе почекаме.

Првичниот план беше третата генерација на Prius да се појави на пазарот во некаде на есен, но тоа нема да се случи. Премиерата е одложена и сега за новиот Prius се очекува датум дури во 2009.

Главната причина за ова големо одложување е спориот развој на новите литиум-јонски акумулатори кои ќе ги заменат сегашните од никел и метал. Поради можноста за лесно самозапалување на литум-јонските акумулатори развојните инженери го одложуваат претставувањето заради дополнителни испитувања околу зголемување на безбедноста.

Факт е дека литиум-јонските акумулатори се полесни и поефикасни, но проблемот со самозапалувањето до сега го одложуваше нивното вградување во автомобили.

Акумулаторите за Prius ги развива јапонската компанија Matsushitа Electric Industrial, а во Toyota одбиваат да признаат дека премиерата на третата генерација на Prius се одложува токму поради проблеми со новите акумулатори. Но, ова станува јасно поради најавата за фејслифт на Prius. Автомобилот ќе се појави на есен и сеуште ќе вози со сегашните Ni-MH никел-метал.

toyota-prius-2.jpgtoyota-prius-3.jpgtoyota-prius-4.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook