Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Toyota Prius протечена информација
16.10.2008
toyota-prius-1.jpgИако Toyota си стои до зборот и планира, како што најави, новата генерација на Prius да ја прикаже на салонот во Детроит во јануари фотографиите од автомобилот се пред нас уште сега.

Се чини дека на производителите строго чуваните тајни им се обелоденуваат туку така. Или можеби тука нема ништо случајно.

Без оглед на причината или грешката сепак, ние пред време можеме да уживаме во приказите на новите автомобили и да дознаеме нешто повеќе за нив. Далеку пред тие да влезат во продажните салони.

Како што се очекуваше Prius ја задржува својата легендарна линија на каросеријата која сега е освежена и стилски многу подотерана. Во Toyota им излегуваат во пресрет на купувачите кои не сакаат нивното еколошко возило да се претопува во масата обични автомобили.

Тие сакаат светот да препознава и да знае што возат. Затоа најголемиот производител на автомобили на светот нема намера да го менува дизајнот што победува.

И додека однадвор линијата на Prius е препознатлива во кабината не очекуваат изненадувања. Комплетно нова арматура и табла со инструменти која е далеку покомпликувана од претходникот, но оди нарака со имиџот на високотехнолошки автомобил.

Новиот LCD дисплеј кој ги прикажува телематските параметри за погонот повторно е поставен во централната конзола и на него покрај овие функци ќе биде интегрирана и сателитската навигација и аудио системот.

Останатите информации како брзината, бројот на вртежи, потрошувачката, информации за патот, преостанатото количество на гориво и максималното растојание што може да се мине ќе се прикажуваат на таблата со инструменти поставена во средина на арматурата.

Проверениот хибриден систем генерално останува ист, но сепак претрпува мали измени. Ова пред се се однесува на новиот бензински мотор кој место досeгашните 1.5 литри има зафатнина од 1.6 литри, приказната за 1.8 литарец не е веќе во игра.

Значи моќноста во новиот Prius се зголемува, но не на штета на потрошувачката. Напротив, новата генерација носи пониска потрошувачка која во просек изнесува 4,9 L/100 km во град и 5,22 L/100 km на отворено.

Ова е постигнато со зголемување на ефикасноста на хибридниот погон кој сега има нови акумулаторски батерии со подобрени карактеристики. Со нив Prius може да вози многу подолго во само електричен модус.

Но, тоа не е се. Новиот Prius е и значително полесен благодарение на обилното користење на напредни композитни материјали во конструкцијата каросеријата.

Toyota веќе најави дека за новиот Prius нема да се чека толку долго на испорака како на актуелниот модел, бидејќи новиот добавувач изградил нова фабрика во Јапонија чив капацитет за производство на батерии никел-метал-хидрид во потполност може да ја следи динамиката на производство на Prius.

Секако овој процес ќе трае се до 2010 кога ќе пристигне plug-in верзијата на Prius која ќе вози со литиум-јонски батерии.  

Останатите придобивки за штедење на енергија се поставувањето на соларни панели во кровот кои ќе го хранат големиот потрошувач, клима уредот, но и електричното серво управување.

Продажбата на новиот Prius би требало да стартува набрзо по претставувањето во Детроит. Цената ќе биде повисока од онаа на актуелниот модел, но во Toyota уверуваат дека поскапувањето ќе биде незначително.

Плус во план е и изградба на нова фабрика за производство на Prius во САД која ќе биде отворена во 2010. Причината е зголемување на производството на Prius кое изнесува драстични 70% или претворено во бројки, близу 500.000 примероци годишно.

Резултат што ќе ги надмине очекувањата од почетокот на годината.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook