Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Уловен е BMW M6 Gran Coupe
01.02.2012

Француски новинари од магазинот Automobile успеале случајно да ја уловат најмоќната верзија на купето на BMW со четири врати Gran Coupe кое наскоро треба да се појави на пазарот.

bmw-m6-gran-coupe-1-2012-1

Факт е дека инженерите на М одделот на BMW на големо го тестираат М6 Gran Coupe којшто како и купето М6 и седанот М5 ќе го носи 4.4 литарскиот битурбо V8 којшто моќноста ја испраќа кон задните тркала.

Меѓутоа во информацијата стои дека постои варијанта моторот место постоечките 560 КС да испорачува 580 КС и да го претвори М6 Gran Coupe во најмоќен модел во гамата на BMW во моментот.

bmw-m6-gran-coupe-2-2012-1

Секако ова не е потврдено од BMW. Првите индиции за M6 Gran Coupe ќе се добијат на салонот во Женева кога BMW премиерно ќе го претстави М6 Coupe и треба официјално ќе го најави M6 Gran Coupe.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook