Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Уловен новиот Ford Focus
31.08.2009
ford-focus-2010-test-mule-1.jpgНовата генерација на, со нетрпение очекуваниот Ford Focus за прв пат е фатена од ловците на автомобили за време на тестирање. Иако се работи за тестно муле информацијата е вредна.

Зошто? Затоа што новата генерација на популарниот компакт на Ford со нетрпение се очекува, а токму уловеното тестно муле е индикатор дека новиот Focus ќе го видиме наскоро.

Секако тоа нема да се случи во следните неколку месеци, но информацијата е доволна за да го подгрее интересот за автомобилот. Тестното муле кое ги носи само техничките системи и новите мотори на Focus, сепак говори доволно.

Третата генерација на Focus се чини ќе ја наследи лутата маска која ќе се простира по цела висина на предниот крај најавена од компјутерски генерираните фотографии од минатата година.

Генерално новиот Focus треба да ги наследи дизајнерските смерници најавени со концептот Iosis Max кој беше претставен годинава на салонот во Женева, но според информациите предницата ќе има далеку поагресивен дизајн.

Целта е да се привлечат што поголем број на купувачи бидејќи за Ford третата генерација на Focus е од исклучително значење како за опстанокот на компанијата така и за насоките во кои ќе оди развојот на останатите модели.

Затоа покрај дизајнот значителни новини се очекуваат и во техничкиот дел како новата платформа, новите мотори со мала зафатнина и потпомогнати од турбо натполнење и новите менувачи.

Сети овие новини треба да ги кренат перформансите на новиот Focus на повисоко рамниште, а воедно да ја намалат потрошувачката и емисијата на издувни гасови. Или на кусо новиот Focus ќе биде побрз, поштедлив и позелен.

Точна информација за пристигнување на пазарот нема, но се очекува светската премиера да биде на салонот во Женева следната година, а продажбата да стартува до почеток на летото 2010.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook