|
Откако протече информацијата дека новата генерација на М3 ќе има мотор со шест цилиндри во линија и три трубо полначи од кои едниот ќе биде електричен, пристигнуваат нови детали за него.

Сега е потврдено дека моторот на новиот М3 ќе има шест цилиндри во линија и зафатнина од 3.0 литри и турбо натполнење, но ќе биде многу поразличен од актуелниот 3.0 литарци на BMW кои носат кодна ознака N45 и N55.
Моторот на М3 е комплетно нова конструкција и има потполно нов систем за управување со вентилите, нова глава на цилиндрите, ново конструирани клипови и клипни лостови и коленесто вратило со новопресметани агли.
Се претпоставува дека блокот и припаѓа на новата модуларна генерација на мотори на BMW со цилиндри со зафатнина од 500 сс кои споени се основа за три цилиндричните, четирицилиндричните и шест цилиндричните мотори.
Без оглед на помалата зафатнина новиот мотор ќе остварува повеќе коњски сили од актуелниот атмосферски V8 од 4.0 литри кој испрачува 420 КС и 400 Nm. Очекувањата се дека новиот М3 ќе го туркаат 450 КС и 540 Nm.
Со олкава моќност новиот BMW кој ќе се појави во 2014 година лесно ќе може да им конкурира на Mercedes C63 AMG и на Audi RS5.
|