Сега станува збор за новиот CLK со кодна
ознака С206, кој би требало да пристигне во 2009. Папараците успеале да го
фатат за време на првите тестирања кои стартуваа со германската зима.
Ова е еден многу важен модел за Mercedes од финансиска
гледна точка, бидејќи со цената задира во просторот на Класа Е, а е поставен на
основата на Класа С.
Сето ова говори профит. Голем мрсен профит од помал
автомобил поевтин за производство кој продава убавина, стил и престиж. Но,
според она што може да се види на фотографиите CLK не личи на
убавец, за разлика од претходникот.
Се чини премногу надуван и тром, неместо да зрачи со
ниска и флуидна силуета. Главните новини се во кабината, наместо да ја позајми
арматурата од Класа С, CLK ќе нуди нешто сосем различно, а по кавалитет слично на
Класа S и купето CL. Идејата е со понудата на квалитетот и оременоста CLK да ги
раскине врските со Класа С и да се поистовети со моделите од повисоките класи.
Воедно CLK е основа за новиот кабриолет со кодна ознака А206 кој ќе
пристигне шест месеци откако купето ќе го почне патот до купувачите. Како кај
претходникот и новиот кабриолет ќе има мек платнен кров.
Како новина доаѓа можноста за греење на платнениот кров,
па така и во најстудените зимски денови патниците ќе бидат соодветно затоплени.
Под хаубата на новиот CLK ќе работи
целата гама на дизели и бензинци од штедливите четирицилиндрични дизели до
брутaлнитe чудовишта од AMG со 700 коњски сили.

|