Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Во подготовка е BMW Серија 4
21.10.2011

Најновата информација која доаѓа од Минхен вели дека купето и кабриолетот на новата Серија 3 ќе се означуваат како Серија 4, ќе имаат кодна ознака F32 и ќе се појават во средина на 2014 година.

bmw-serija-4-kamuflaza-1-2011-1

Планот на BMW е серијата 4 за серијата 3, да биде исто што и серијата 6 за серијата 5. Односно купето и кабриолетот на серијата 5 се означуваат како Серија 6, па од тука купето и кабриолетот од серијата 3 ќе се означуваат како Серија 4.

Воедно исто како и кај Серија 6 и Серија 5, и Серија 4 значително ќе се разликува од Серија 3. Купето и кабриолетот ќе бидат сосема различни од седанот со фокус поставен директно на возачот и неговото задоволство при возење.

Со менување на концептот ќе настане и тектонско пореметување кај моделот М3. Имено ознаката М3 ќе ја носи само седанот, додека купето и кабриолетот ќе ја носат ознаката М4, исто како М5 и М6.

bmw-serija-4-kamuflaza-2-2011-1

BMW вели дека купето и кабриолетот од серијата 4 ќе бидат петиот и шестиот модел на марката, од вкупно девет, кои што ќе бидат поставени на платформата F30 од новата Серија 3. Динамиката со моделите е следна.

Во февруари 2012 година почнува комерцијализација на Серија 3 -  F30, една година подоцна на пазар пристигнува комбито Серија 3 Touring - F31. Истата 2013 година ќе се појави и моделот Серија 3 GT – F34 стилски слична на Серија 5 GT.

BMW Серија 3 GT ќе биде поставена на продолжена платформа со поголемо меѓуоскино растојание која ќе биде земена на заем од специјалната продолжена верзија на седанот од новата Серија 3 наменета за пазарот во Кина.

bmw-serija-4-kamuflaza-3-2011-1

Моделот ќе нуди повеќе простор на задна клупа, поголем багажник, повеќе комфор и поголема практичност заради петата врата. Кон крај на 2013 година на пазарот ќе се појави и новата генерација на М3 – F30М со четири врати.

На почеток на 2014 ќе се појави купето од Серија 4 – F32, a по него и кабриолетот на Серија 4 – F33. На крај на истата година ќе се појави купето М4 Coupe – F32M заедно со кабриолетот М4 Cabrio – F33M.

Последната верзија ќе се појави во 2015 година како Серија 4 GranCoupe – F35 кое ќе го носи стилот на Серија 6 Gran Coupe и ќе биде поставено на основа на Серија 3 GT – F34 со поголемо меѓуоскино растојание. Се очекуваат детали.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook