Get Adobe Flash player
VW подготвува евтин модел по пример на Dacia Logan
12.04.2007
vwnf1Светскиот успех на Dacia Logan и опасноста од напливот на кинески автомобили се поттикот Volkswagen да почне развој на возило што ќе конкурира во нискиот ценовен сегмент.

Наследникот на Volkswagen Gol, модел кој досега се произведуваше и продаваше само во Јужна Америка, во иднина ќе се нуди и на европскиот пазар, каде во моментов колачот сам го собира Dacia Logan. Gol требаше истовремено да го замени и аргентинскиот Polo Classic, но сега во комбинација влегува и европската варијанта.

По седанот, на пазарот ќе се појават уште две каросериски изведби: комбилимузина и комби. Се уште не се знае дали евтиниот модел ќе се продава под знакот на Skoda, или сепак ќе го носи знакот на VW. Покрај бензински мотори, ќе има и еден дизелски мотор.

Прототипите се уловени на тестирањето во Скандинавија и се уште се доста маскирани, но формата веќе може да насети. Премиерата се очекува во 2008 година.

vwnf2
vwnf3
vwnf4
 

 

 

Facebook