Легендарниот автомобил на Volkswagen, моделот
што го воздигна производителот од Волфсбург, повторно е тука за да ве натера да
се вљубите во него и никогаш да не го напуштите.
Претпоставувате за кого станува збор? Секако! Станува збор
за наследник на New Beetle, автомобил кој се откажува од
симпатичната заоблена форма со цел да се претстави во ново светло кое озрачува
со стил и спортски лик.
Причина за полутиот изглед и новиот правец во
дизајнирањето на наследникот на New Beetle е желбата на Volkswagen да
привлече што повеќе машки купувачи кои ќе седнат зад воланот на новата Буба.
Според мислењето на одговорните во VW актуелниот
модел има премногу женски гени, а сето тоа треба да се смени со помаженствениот
лик на наследникот.
Наследникот на New Beetle кога ќе пристигне
во 2010 ќе има многу сериозна задача пред себе, а тоа е да ги освои купувачите
пред тие да се одлучат за Mini или Fiat 500.
Затоа дизајнот на New Beetle ќе биде
многу поагресивен и ги комбинира безверменските заоблени линии на Буба со стил
на едно купе со ниска и широка силуета добиена со низок кров поставен на дебели
С носачи, широки крила и рамна линија на појасот слично како кај Audi
TT.
Едноставно дизајнерскиот тим во VW сакал
автомобилот да има чисти и впечатливи линии, но како што признаваат тоа ниту од
далеку не е лесно да се постигне кај Буба.
Всушност наследникот на New Beetle во многу
нешта ќе потсетува на концептот Beetle Ragster кој беше
претставен во 2005.
„Дизајнот на Буба е безвременски и да се погоди
соодветната форма е многу тешко,” признаваат дизајнерите. „Сепак, за разлика од
Mini уште на прв поглед ќе се препознава разликата меѓу
сегашниот модел и наследникот,” додаваат тие.
На фотографиите е еден од дизајнерските предлози што им
се дадени на бордот на директори заради одобрување. Покрај лутиот надворешен
лик наследникот на New Beetle ќе има значително повеќе простор во
кабината и поголем багажник.
Моделот ќе биде поставен на модуларната платформа на Volkswagen, врз која
е поставена и новата шеста по ред генерација на Golf. Традиционално
покрај затворената верзија новата Буба ќе се нуди и како кабриолет.
|